Работно Време:  24 / 7

dehaze

За Нас

Идеја

Се започна како една идеја со којашто требаше да биде изграден ресторан кој би работел само за организирање на свечености. Но, како што поминуваше времето, таа идеја се прошируваше затоа што се увидуваа поволностите што ги има самото место, односно неговата местоположба претставува еден вид на крстосница низ која мора да се помине. Така се појави потребата веќе замислениот ресторан, да се надгради и да функционира како хотел.

Почеток

Како ресторан започнавме со работа на 01.03.2008 и од самиот почеток па се досега сме имале разни свечености и организирани настани кои сигурно ќе бидат запаметени по беспрекорниот квалитет на храната, услугата и добрата организација. Како хотел почнавме со работа во текот на месец ноември 2009 година, и хотелот ги исполнува сите услови за да добие 3***. Royal L Hotel е и единствениот хотел во градот Ресен и во неговата околина за кој што може да се каже дека нуди услови какви што другите ги немаат.
Секоја соба располага со свое сопствено и модерно купатило, телевизор со кабловска, централно греење, безжична интернет конекција.

Денес

Денес работиме како Royal L Hotel кој што има 6 двокреветни соби и 6 трикреветни соби сите новоизградени и модерни, и ресторан со капацитет од 400 гости кој што организира разни свечености, семинари и сл.